еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Надвор од болница починале 49 лица заболени од Ковид-19

Според податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со 20 септември најголем број на смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (12).

Од вкупниот број регистрирани смртни случаи (701), најголем дел се на возраст над 60 години (507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 132,3/100.000 жители.

Регистрирани се 440 смртни случаи кај лица од машки и 261 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 561 (80%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (423), дијабет (199) и белодробна болест (102).

Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и шест смртни случаи кај здравствени работници.

Четириесет и девет (6,7%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 652 (93,0%) починале за време на хоспитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 143 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Убава вест: Оздравени 110 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење во Скопје

Редакција

Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница, и одговори Мицкоски на Јотова, која дава совети за почитување на човекови права

Редакција

Ако ги имав „бомбите“ за Милошоски ќе ги објавев како доказ за влијание врз судството, вели Заев

Редакција