еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) „Градска“ опколена со полиција, откако по вооружена пресметка во селото Љубош се донесени двајца повредени

Две лица се повредени и пренесени во ЈЗУ-Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ откако во деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир при што било употребено и огнено оружје.

Како што потврдија од МВР за МИА, денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.

Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

„Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ посочија од МВР.

Како што објавија дел од медиумите пред поранешната Градска болница се случило и пукање, а повеќе возила на интервентна полиција се упатија пред болницата.

Според медиумите на местото на настанот има автомобил со скршено задно стакло, а до возилото и пиштол.

МИА/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен „џепарош“ во Скопје: Оперирал по градски автобуси и на Зелено пазарче

Редакција

(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија

Редакција

Со остар предмет се расправал со соседот

Редакција