На 12.08.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај с.Лопате, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково, информира МВР.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.