еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Американски полицајци убија уште еден Афроамериканец

Американската полиција објави вознемирувачки снимки од тепањето на 29-годишниот Тир Николс, Афроамериканец од Мемфис, од страна на полицијата за време на рутинска контрола во сообраќајот, а кој почина во болница три дена по инцидентот.

Петте сега веќе поранешни полицајци од Мемфис, сите исто така Афроамериканци, се обвинети за убиството.

На едно од видеата кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа како полицајците без причина го удираат Николс најмалку девет пати во четири минути.

„Не направив ништо. Само сакам да си одам дома“, повторува Николс за цело време додека трае тепањето.

„По ѓаволите, не направив ништо“, вели Николс додека полицајците му приоѓаат со пиштоли.

„На земја, на земја“, му викаат полицајците.

„Добро, на земја сум“, вели Николс.

„Кучко, стави ги рацете на грб пред јас да ти ги ставам… Ќе те клоцам по га*от“, му вели полицаецот на Николс, кој за цело време е прскан и со солзавец.

На други снимки се гледа Николс со лисици на рацете, а полицајците без никаква причина брутално го удираат со раце и нозе и по лицето.

Откако го ставаат во седечка положба, го удираат и во грбот.

Кога е подигнат на нозе со лисици, се гледа како полицајците постојано го удираат Николс по лицето, предизвикувајќи тој да падне на колена. Неполна минута подоцна се појавува полицаец и повторно го удира Николс.

Во еден момент, додека тој лежи на подот, му приоѓа полицаец и го клоца.

Инцидентот се случил во непосредна близина на куќата на Николс, пренесуваат американските медиуми.

Фото/видео: Полиција на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

Редакција

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија, регира владејачката ЗНАМ

Редакција

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Редакција