Околу пладне денеска во центарот на градот се случила тепачка во која учествувале повеќе лица.
Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции, но засега нема повеќе детали.
ОД СВР Струмица информираат дека настанот бил пријавен во полицијата околу 12:00 часот од граѓани.
Оттаму посочуваат дека Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Видеото од немилиот настан го објави strumicaonline кои добиле и порака од нападнатиот граѓанин.
МИА/еМагазин/фото/видео: strumicaonline
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.