еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Еквадорски претседателски кандидат убиен за време на кампања

Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше застрелан на крајот од предизборниот митинг синоќа во Кито, а извршителот на убиството набрзо беше идентификуван, но им подлегна на повредите при апсењето.

На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници во кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат.

Осомничениот сторител починал од повредите здобиени при апсењето, соопштија од Канцеларијата на главниот државен обвинител на платформата Икс.

Партијата Movimiento Construye Villavicencio објави на Икс дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито.

„Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, напиша претседателот Гиљермо Ласо на социјалната мрежа. Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „отишол  предалеку“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“.

МИА/видео: El Universal

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Застрашувачка сцена во Кочани: Маж се полеа со бензин и се самозапали

Редакција

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Редакција

Владата ќе потроши 105.000 евра на летови за екстрадикција на бегалци

Редакција