еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Украинците убиваат руски заробеници, Њујорк тајмс ја потврди автентичноста на снимката

Њујорк тајмс ја потврди автентичноста на снимката објавена на Телеграм во понеделник, на која се гледа како Украинци убиваат руски заробеници.

Снимката прикажува како група украински војници убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.

„Уште е жив. Сними ги окупаторите. Гледај, уште е жив. Едвај дише“, зборува маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена преку главата. Русинот, по сè изгледа, е ранет, но сè уште дише.

Војникот тогаш пука во мажот, кој продолжува да мрда, а војникот тогаш повторно пука во него. Мажот престанува да мрда.

Покрај жртвата може да се видат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грбот. Сите носат униформи, а тројцата имаат бела трака на ракавот која по правило ја носат руските сили во Украина. Околу нив има расфрлана опрема, а на главата на руските војници се гледаат дамки од крв.

Мажите лежат на пат во близина на оклопен транспортер БМД-2, какви што користат руските десантни сили. Подолу по патот може да се видат други уништени возила.

Снимката е направена на пат северно од селото Димитровка, десетина километри југозападно од Буча.

Фото: Украинско министерство за одбрана/видео: Телеграм/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранит ја зголеми добивката за 84%

Редакција

(ВИДЕО) Трамп се јави од болничката соба: Следните неколку дена се клучни

Редакција

Остана мистерија кој сакаше да го убие: 27 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Редакција