еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утро со минус 18, температурите остануваат под нулата, снегот ќе паѓа до крајот на денот

Редакција

Во наредните два дена пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

45-годишен скопјанец заразен од корона вирусот починал на пат кон болница

Редакција