Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.
Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.