еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

И во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилното време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

Редакција

НЛБ Банка и Кроација осигурување-Живот го заокружија месецот на финансиско советување

Редакција

Од утре студено и ветровито време, на повисоките места и снег

Редакција