еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Врховниот суд на САД го укина уставното право на абортус

Врховниот суд на САД ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД.

Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот.

„Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Забрана за посета на гробишта освен за погреби во цела држава

Редакција

(ВИДЕО) Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја

Редакција

Има и деца: Бројот на загинати од земјотресите во Албанија се искачи на најмалку 13 лица

Редакција