Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во државата е евидентиран уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавирусот, што е втор случај.
Пациентот се лекувал во приватна болница, а неговата состојба е под контрола.
“Станува збор за колега на првооткриениот случај со овој мутиран сој кај нас кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцата биле на работа во Ирак. Со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пациент симптоми се појавиле подоцна.
Состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик, изјави Филипче.
Тој уверува дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки.
„Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде.
Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека нема некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават“, изјави Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ