еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во електроенергетскиот систем

Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.

-На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.

Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Висок напон кој дошол до трансформаторот – причина за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“, покажуваат првичните наоди

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои судски случаи ќе почнат од почеток поради разрешувањето на судијата Бошевски

Редакција

Македонија го подготвува здравствениот систем за евентуална појава на мајмунски сипаници во земјава

Редакција

Нема „бугароцентрично“ толкување на минатото: Нова реакција од македонскиот тим од историската Комисија

Редакција