Над 1,2 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина од 24 февруари, откако почна инвазијата на Русија врз Украина, објави ОН.
Околу половина милион од бегалците се деца, проценува УНИЦЕФ.
УНХЦР претходно соопшти дека војната во Украина, може да резултира со над четири милиони украински бегалци. Шефот за комуникации на УНХЦР, Јонг-ах Гедини-Вилијамс рече дека тоа е „огромен егзодус“.
– Постои можност исто толку бегалци да се раселени во земјата, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО не бара војна со Русија, Путин да ја повлече војската од Украина, порача Столтенберг
Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, вели Путин
МИА/Фото: Унсплаш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.