Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 февруари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата со над 60 годишна возраст.
“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=568, 26,8%).
Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=422; 19,9%), 50-59 (n=381; 18,0%), 40-49 (n=358; 16,9%) и 20-29 (n=257; 12,1%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=40; 1,9%) и 10-19 години (n=94; 4,4%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.052 (49,6%) лица од женски и 1.068 (50,4%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.322 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6% повеќе во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување од 3,1%: За една недела 66 смртни случаи на Ковид-19 во Македонија
Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56
Зголемување од 4,1%: За една недела 2.120 нови случаи на Ковид-19 во Македонија
Фото: МЗ