еМагазин
Македонија

За локалните избори акредитирани 1.045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи

За Локалните избори 2021 што ќе се одржат во недела акредитирани се вкупно 1.045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.

Акредитирани за набљудување се и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи, Американската амбасада 15, Британската амбасада Скопје 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.

Според Роковникот на ДИК, акредитацијата на набљудувачите за овие избори заврши на 6 октомври.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ, рече Заев на Самитот на Берлински процес

Редакција

Познати кандидатите за заменици министри на Алијанса за Албанците

Редакција

Данска ги призна македонските возачки дозволи

Редакција