Вкупно 42 отсто од анкетираните сметаат дека постои закана за земјава, а за најголема (27,6 отсто) македонските граѓани ја сметаат Бугарија, а 4 отсто Русија.
Најпријателска земја според 37 отсто од испитаниците е Србија, покажуваат резултатите од анкетното истражување „Еврометар 2022“, спроведено од 12 до 27 декември минатата година во телефонска анкета врз репрезентативен примерок од 1.006 испитаници од страна на „Брима“ за потребите на Центарот за европски стратегии „Евротинк“.
– Во 2022 година имаме рекордно ниски бројки во однос на довербата и ставовите на македонските граѓани кон Европската Унија и општо кон самиот процес на интеграции во ЕУ има падови или осцилации од околу 20 проценти во однос на претходните години.
Во последните две до три години Бугарија се смета за најголем непријател на Македонија и тој тренд континуирано раст. Ако во 2021 година Бугарија била број еден со 23 отсто од граѓаните кои сметале дека е најголем непријател, во 2022 година тој процент е 27,6 отсто.
За разлика од нив Србија е традиционално сметана за најголем пријател на државата со 37 проценти, рече извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски на денешната средба со новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: МИА/Влада