еМагазин
Image default
Македонија

За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „голема Албанија“, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на „голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Албин Курти.

Како што посочи, одредени лица веќе се таргетирани и за неколку дена ќе го имаат идентитетот на лицето.

Спасовски потенцираше дека се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.

-Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Имаме неколку лица кои се таргетирани. Се вршат детални испитувања во овој момент и јас мислам дека за неколку дена веќе ќе го имаме идентитетот на лицето. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации.

Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”, во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го видоа ли од НАТО знамето на „голема Албанија“ во Тетово

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз Хаки Азири, осомничен во случајот „Монструм”

Редакција

Македонската армија доби 13 милиони евра помош од Советот на ЕУ

Редакција

Цела програма: Утре почнува седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Редакција