Новогодишната ноќ со врнежи од снег ќе биде само на повисоките места. Во пониските предели, според метеоролозите, ќе биде суво, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд.
Од Управата за хидрометоролошки работи (УХМР) информираат дека за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места.
Минималата темпeратура ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, а највисоката ќе биде до три степени.
Првиот ден од новата година температурата ќе се движе меѓу 8 и 13 степени.
Од утре во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег.
Температурите ќе бидат над нулата. Утре минималната температура ќе се движи од еден до седум, задутре од два до седум, четврток од 3 до осум степени.
Под нулата температурата ќе падне по Нова година, односно на 1 јануари ќе биде од минус два до четири, сабота од минус три до четири и во недела од минус еден до шест степени.
Дневните температури целата недела ќе се движат меѓу пет и 16 степени.