Во периодот од 6 до 26 август во Македонија 17.020 граѓани се регистрирани како позитивни на Ковид-19. Од нив 17% биле целосно вакцинирани, односно 2.924 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство.
„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани,“ се вели во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем раст на случаеви на повторно заразување со Ковид-19
Од 276 починати од Ковид-19 во последните три недели, 30 биле вакцинирани
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.