Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да се изберат пет потпретседатели на партијата и тоа Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, актуелен пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко опшество и администрација.
Премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе достави предлог до Собрание за нов министер за финансии Нина Ангеловска, предлог за нов заменик-министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за поддршка на развојот и на негово место ќе биде Кирил Колемишевски и ќе го предложи заменик-министер за новото Министерство за политички систем и односи со заедниците, Неџат Мехмедовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коста Петров за потпретседателското место во СДСМ: Немањето искуство во политиката го сметам за адут
ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри
Нина Ангеловска предложена за министер за финансии
Фото: СДСМ