Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат.
Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.
Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни.
-Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано, не сакаме да правиме проста математика со тоа што ќе го дуплицираме бројот на позитивни тестови во однос на бројот на вкупно направените тестови денеска, да кажеме споредено со тоа што било претходните денови заради тоа што и во текот на минатата недела имаше една друга варијација, исклучително голем број на дијагностицирани пациенти што епидемиолозите сметаат дека е само варијација.
Тогаш причина за поголем број на позитивни беше пристап кон веќе идентификувани лица кои беа во изолација, па развија симптоми. Исто така сметаме да сега можно е да оваа варијација е резултат на помал број на тестови заради празниците, рече Филипче.
МИА/Фото: Кабинет на претседателот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Спасовски треба да направи тест за Ковид-19 неделава, смета Филипче
Почнува со работа лабораторијата во МАНУ, дневно ќе се прават по сто теста за Ковид-19
Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март
15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација