еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За разлика од кај нас, во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, вели Гацов

Во соседните земји, листите на производи со ДДВ се многу појасни со опис точно така како што очекувате во маркетите да ги најдете. За жал Македонија ова го прави преку тарифни броеви во царинска тарифа што е работа за експерти, за граѓаните и оние кои работат во маркетите ќе биде сложено за примена, оцени претседателот на Извршниот одбор на Здружение на советници Павле Гацов.

Гацов на денешната конференција пред почетокот на денешната дебата „Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ организирана од Центарот за граѓански комуникации посочи дека очекува во најскоро време да се случат промени во одлуката.

„Очекувам за брзо време, бидејќи одлуката од денеска е во сила, да се случат промени во одлуката и беше најавена промена, веројатно вторник или среда ќе биде објавена измена, што ќе ги прифати овие некои производи што наводно се луксузни, а не се, зборувам за основни прехрамбени производи или оние што се во групата на гарантирани цени кои, исто така се опфатени делумно со ова зголемување од 5 на 10 проценти,“ рече Гацов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, уверува Бектеши

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Поскапува речиси целата храна, а не само луксузните производи како што најави Влада

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Македонска вечер“ во Белград: Брнабиќ, Вучиќ и политичари од регионот дегустираа македонска храна и вино

Редакција

Кои се обичаите: Почнува Рамазанскиот пост

Редакција

Како имот пријавил Бујар Османи, кандидат за претседател на Македонија на ДУИ

Редакција