еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

Во нова „бомба“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборува за предметите на поранешното Специјално обвинителство (СЈО) и го споменува и предметот “Попис“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Нова „бомба“ со Заев за предметите на СЈО

До каде е предметот „Попис“?

Во последниот извештај за работењето на СЈО, од минатата година, пред предметите да бидат пренесени во Јавното обвинителство и истото да стане историја, стои дека за предметот „Попис“, кој тогаш бил во истражна постапка, биле испитани повеќе сведоци.

“Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р. Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија во 2011 година, ова Јавно обвинителство на ден 25.01.2019 година донесе наредба за економскофинансиско вештачење, кое се уште не е изготвено“, стои во извештајот, во кој нема други детали за овој предмет.

Од Обвинителството пак неодамна информираа дека се работи и на случаите на СЈО, но и дека пандемијата со Ковид-19 ги усложнува работите, во поглед на испитување на сведоци и сл.

Истрага за Никола Груевски и Али Ахмети

Инаку „Попис“ се однесува за основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на ДУИ, Али Ахмети, кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175 милиони денари.

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми.

Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи на презентацијата на овој предмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се работи во предметот “Пошенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

За што се работи во предметот „Талир 2“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата аудио снимка

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје лани оствари добивка од 38,5 милиони евра

Редакција

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во затвор го лекуваат со сол и газирана вода, тврдат неговите адвокати

Редакција

Потпретседателот на Европската комисија, Борел доаѓа во Македонија на 16 март

Редакција