еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што се работи во предметот „Талир 2“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата аудио снимка

Во нова „бомба“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборува за предметите на поранешното Специјално обвинителство (СЈО) и го споменува и предметот “Талир 2“.

Незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во случајот „Талир 2“ се обвинети поранешниот претседател на ВМРО-ДПНЕ Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка и за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се работи во предметот “Пошенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

(Аудио) Нова „бомба“ со Заев за предметите на СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 842 здравствени работници во Македонија се заразиле со Ковид-19, оздравеле 732

Редакција

Сообраќајна несреќа во Кисела Вода: Две лица загинаа, а седуммина се повредени помеѓу кои и две деца

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 68 пациенти, а вкупно се лекуваaт 689

Редакција