Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска го осуди инцидентот, кој пред неколку дена се случи во центарот на Скопје, кога лице од Арачиново со автомобил „бентли“ влета на скопскиот плоштад „Македонија“.
„Имаме неодговорни граѓани кои се однесуваат бахато во такви услови. Важно е дека полицијата веднаш постапува.
Не е доволна казната за возачот. Тука треба да се размислува, да има казни кои би биле подрастични. Не се времињата во кои некој така може да се однесува на плоштадот“, изјави Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер во „црвено“ за казната од 45 евра за возачот кој со „бентли“ влета на скопскиот плоштад
Казната за возачот на „бентлито„ е првична, ќе поднесеме и кривична, најави Шилегов
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.