еМагазин
Image default
Македонија

За сведок ќе биде повикана и Катица Јанева: Судењето за „ТНТ“ почна од почеток

На денешното рочиште за случајот „ТНТ“, за кој судењето почна од почеток, одбраната побара случајот да се стави во мирување се додека не се донесе Законот за јавното обвинителство.

Одбраната ја оспори и надлежноста на обвинителот Бурим Рустеми, кој е застапник на обвинението, но и „бомбите“ како докази.

Од таму најавија дека планираат да ја прошират листата со сведоци, a ќе ја повикаат и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и оштетениот за уривањето на Космос, Ардијан Амзовски, оти сметаат дека има тесна поврзаност меѓу случајот “Рекет“ и “ТНТ“.

На денешното рочиште присуствуваше и обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник на скопската општина Гази Баба.

Предметот “ТНТ“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат 123 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Вечерва ТВ дуел Заев-Мицкоски

Редакција

Поради Бугарија договорот на Фронтекс со Македонија се уште не е потпишан

Редакција