Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 30.09 до 02.10.2022 година) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 30 реинфекции.
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Во текот на изминатите три дена пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г). Сите се починати во болнички услови.
Фото: МЗ