еМагазин
Image default
Бизнис

За три дена 15 кривични за угостителски објекти за непочитување на Ковид-протоколите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера изврши девет надзори и 124 контроли во трговски објекти во повеќе градови низ земјава, како и 93 контроли во угостителски објекти. Приота е изречена една мерка во трговски објект во Струга согласно Уредбата за примена на Законот за трговија за што следи прекршочна постапка. Во останатите градови не се констатирани неправилности по посочените закони и протоколи.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси​, Љупчо Николовски, изминатите три дена, за време на продолжениот викенд, ДПИ извршени вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и Закон за заштита на потрошувачи.

Најмногу неправилности се констатирани во саботата, на 10 октомври, за кога ќе бидат поднесени 12 кривични пријави и четири прекршочни пријави за угостителски објекти кои ги прекршиле здравствените протоколи и изречени се девет мерки за прекршување на законите за трговија и за потрошувачи.

Во неделата, 11 октомври, и вчера, Инспекторатот констатира намалување на неправилности.

Изречени ќе бидат вкупно 15 кривични пријави на угостителски објекти за прекршување на здравствените Ковид-протоколи и четири прекршочни пријави за непочитување на работно време, забрана за пушење цигари и затекнати нерегистрирани објекти и една мерка за непостапување по издадено решение за привремена забрана за вршење дејност.

Во делот на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, во истиот период се изречени десет мерки за прекршување на овие два закона и констатирани се пет прекршоци на Законот за трговија.

-Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење.

Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените Ковид-протоколи, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Орбита ИНВ“ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“

Редакција

Цветан Панделески избран за претседател на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“

Редакција

Стопанска банка Скопје лани оствари добивка од 38,5 милиони евра

Редакција