еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Задолжителни ќе бидат здравствените прегледи и мобилен мамографски скриниг за рак на дојка

Владата одржа тематска седница посветена на борба со ракот на дојка, како дел од одбележувањето на октомври на светско ниво, како месец посветен на борбата со ракот на дојката. Донесените заклучоци се однесуваат на воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг, соопшти владината прес-служба.

Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии да предвиди средства во Буџетот за 2023 година, за унапредување на превентивата во ова област, а утврдувањето на конкретната намена на средствата, да биде направено во соработка со Министерството за здравство.

Исто така, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, при измените во Законот за безбедност и здравје при работа и во подзаконските акти на законот, да предвиди задолжителен здравствен преглед во рамки на систематските прегледи, со цел внесување на превентивата во оваа област, како законска обврска.

На владината седница присуствуваа претставнички од невладиното Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените услуги и застапување на пациентите ЕЗРА, кои посочија дека 90 проценти од сите карциноми на дојка може да бидат излекувани, односно дека навремената дијагностика и соодветниот третман, во најголем дел спасуваат животи.

Во таа насока е нагласено значењето на отвореноста на Владата, преку конкретни чекори и политики да придонесе во подобрувањето на состојбите, информираа од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката за култура Ирена Стефоска во самоизолација, член на кабинетот позитивен на Kовид-19

Редакција

(ВИДЕО) „Градска“ опколена со полиција, откако по вооружена пресметка во селото Љубош се донесени двајца повредени

Редакција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, има најголем кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Редакција