еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

Уставот нема да се менува, добивме датум за старт на преговорите со ЕУ, плата од 500 евра…се само дел од лажните ветувања на премиерот Зоран Заев, кои ги имаат речиси сите елементи на лажни вести, против кои ќе се бори токму неговата Влада.

За жал, Заев не е единствениот политичар кој продуцира „лажни вести“. Тоа го прави речиси секој негов колега. Иако општиот впечаток е дека медиумите се главните производители на фејк њуз, сепак зад речиси секоја лажна вест или дезиформација во Македонија стои политиката. Медиумите или социјалните мрежи се само каналите за да се пренесе истата.

Одлуката на Владата да се бори против лажните вести и дезинформациите е секако за поздравување, но не би било лошо борбата прво да ја почнат од сопствениот двор.

Истото важи и за опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, која може да држи семинари за тоа како се прави лажна вест и секако за сите останатите политички партии, кои сакаат да бидат сметани за сериозни играчи на политичката сцена.

Лажните вести се глобален феномен и битката не е лесна. Рака на срце, Македонија благодарение на дечките од Велес се “прослави“ во светот и во оваа област, што е уште една причина плус, битката сериозно да почне и кај нас.

И она што е најважно во целава приказна е во „војната“ да не има колетерална штета, па да страда слободата на говор, медиумите, новинарите, твитерџиите… Затоа внимателно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивор Мицковски: Како прв чин на соочување со лажните вести, партиите да се откажат од предизборните ветувања

„Плата од 500 евра, фејкњуз ли е“?: Твитер „поцрвене“ по најавата на Владата за одлучна борба против лажните вести

Владата ќе се бори против дезинформациите и лажните вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ ќе дели дивиденда од 25,9 милиони евра

Редакција

На 39-годишна возраст почина ќерката на Владимир Талески, поранешниот градоначалник на Битола

Редакција

Петков вели оти било многу важно да продолжи конструктивниот дијалог со Македонија

Редакција