Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да се пријават во системот за вакцинација, бидејќи како што рече, сите вакцини се проверени, здрави и колку побрзо се вакцинираме побрзо ќе се вратиме на нормален живот.
Тој додаде дека сите во Владата се пријавиле преку овој систем, а тој лично ќе се вакцинира со онаа вакцина која што ќе биде достапна кога тој и неговото семејство ќе дојдат на ред.
Уште еднаш повтори дека најодговорно тврди дека во Владата нема министер кој се вакцинирал против Ковид-19.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.