еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов го предупреди Заев: Радев и техничката влада лажат и бегат од одговорност за нов договор

Премиерот Зоран Заев ги започна активностите во рамките на работната посета на Република Бугарија со средба со претседателот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

За време на разговорот било речено дека службената влада на Република Бугарија ја има целата надлежност и уставна можност да решава актуелни отворени прашања.

„Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение, бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.

Тој додаде дека Софија има особено значење за македонската интеграција, бидејќи токму тука беа поставени контурите на Договорот од Преспа за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година и дека тие заеднички искуства од непосредното минато и сега треба да бидат поттик и начин на изнаоѓање решенија за актуелната ситуација меѓу двете земји,“ се вели во соопштението од Владата.

Заев и Борисов истакнале дека како чекор кон градење на пријателството и довербата е добредојдена идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од Северна Македонија и Бугарија за да разговараат за заедничката иднина и дека тоа е една и од обврските на политичките лидери, да бараат решенија заради младите и нивната иднина, велат од Владата.

Борисов пак го предупреди Заев дека бугарскиот претседател Румен Радев и техничката влада лажат и бегат од одговорност за нов договор

„Ќе имате многу средби денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денеска, особено за Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат ништо да направат. Ќе ја префрлат пак одговорноста, како за набавката на воени авиони, кон парламентот.

Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членсво на Северна Македонија во ЕУ“, рече Борисoв за време на средбата со Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид болни и меѓу медицинскиот персонал во Клиничка болница Тетово

Редакција

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата: Ќе се блокираат улиците пред Регулаторната комисија

Редакција

(Видео) Нов инцидент на албанските плажи: Запалени лежалки кај популарното туристичко место Дерми

Редакција