Во Владата почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.
– Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште, изјави вчера меѓу другото Заев.
Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.
МИА/Фото: Влада