еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев по средбата на бугарскиот врв за македонското прашање: Политичарите треба да им ја остават работата на експертите

Понекогаш ние политичарите треба работата да им ја оставиме на експертите, но целта ни е да го јакнеме пријателството и добрососедството, рече премиерот Зоан Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на се погласните изјави од Бугарија дека поддршката за отпочнување преговори на нашата земја не е безусловна и дека треба да престанат историските игри.

Тој додаде дека нашата држава со потпишувањето на договорот за добрососедство покажала политичка волја да се решат сите спорни точки со Бугарија, како и дека сакаме пријателски односи со оваа земја. Заев вели дека работа на мутлидисциплинарната комисија е да се најде заеднички јазик за сите спорни историски прашање и како што рече, двете страни веќе ги усогласиле ставовите за четири историски поглавја.

„Ние потпишавме договор и прифативме дека имаме заедничка историја, а секако дел од историјата ни е посебна. Во тој дух, мислам дека комисиите ќе изнајдат решение. Не треба ништо да изнасилуваме, резултатите се огромни и Бугарија е наш силен поддржувач. Верувам дека Бугарија и на престојниот сосотнок на министрите во ЕУ ќе биде наш најсилен подржувач за после 15 години кандидатски статус да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Радев: Бугарија да ја преиспита поддршката кон Македонија доколку за еден месец не се решат историските прашања

Претседателот Радев закажа средба на државниот врв на Бугарија за односите со Македонија

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Болницата „8 Септември“ се става во функција за потребите за згрижување на пациенти со корона вирусот

Редакција

Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 лица, плата до 30.560 денари

Редакција

Поранешната министерка Мизрахи донела кадровски решенија дента кога била покрената постапката за нејзино разрешување

Редакција