еМагазин
Image default
Македонија

Заев телефонски му ја честитал победата на Радев

Премиерот Зоран Заев вечерва во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на претседателските избори што се одржаа денеска.

„Во телефонскиот разговор што го имав со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ.

Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина,“ објави на Фејсбук, премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Румен Радев е старо-новиот бугарски претседател, откако победи на изборите и освои нов мандат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски на вонредниот Самит на НАТО: Алијансата да го покаже своето единство и да настапи со здружени напори

Редакција

Нема да правиме шоу од проблемот со Бугарија, вели Заев, кој не открива детали од разговорите во Софија

Редакција

Ахмети со писмо до Коѕијас: Успеавме пријателе

Редакција