Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да формира стабилна и успешна влада со мандат од четири години. Тој вели дека може да формира Влада и со ДУИ и со Алијансата за Албанците и Алтернатива.
„Ова го темелиме на основ на бројките. Бројките се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада. Вториот аргумент е моето лично верување во успехот на работењето на оваа влада во услови кога немате проблем со Грција, немате проблем со Бугарија, а внатрешно Македонци, Албанци и сите други заедници ги имаме надминато најголемите проблеми кои ни се влечеле во минатото. Сега останува мегданот да работиме дома“, истакна Заев по завршување на конститутивната седница на Собранието.
Тој порача дека сака ги чуе размислувањата на ДУИ, но додаде дека со 15 пратеници не може да се бара премиер.
Мојата лична верба, рече тој, но и на раководството на СДСМ и на нашатга коалиција е втората сериозна гаранција за четири успешни години.
„Верувам дека ќе раснеме во квалитетот за живот на нашите граѓани и ова е сериозна гаранција покрај бројките кои мора да бидат секако стабилни за четиригодишен мандат“, истакна лидерот на СДСМ.
Според него, постои можност да се формира мнозинство со повеќе од 61 пратеник.
Тој најави дека во новата влада ќе бидат укинати министрите без ресор, ветување од предизборната кампања.
„Ветивме во самата кампања дека министрите без ресор кои што се до крај министри без ресор ќе ги скратиме. Тоа значи дека министрите коишто се бираат без ресор, а се сектор за европски прашања и потпретседател на Влада за економски прашања се на разгледување, но сите други ќе се намалат.
Државата по Законот за Влада има 16 министерства, дополнително тие што беа 26 ќе бидат намалени како министри во Владата“, истакна Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Се фокусираме на преговори за парламентарно мнозинство и нова Влада
Конституирано Собранието: Верифицирани мандатите на 120-те избрани пратеници
Фото: Заев/Фејсбук