еМагазин
Image default
Македонија

Заев вели дека и тој платил казна за фрлање боја за време на Шарената револуција

Премиерот Зоран Заев вели дека и тој платил казна за фрлање боја за време на Шарената револуција.

“Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните.

Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.

Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.

Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи“, напиша на својот Фејсбук профил, Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 227 пациенти од Ковид-19, во Скопје 102

Редакција

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов ќе го посети Скопје и сака затоплување на односите

Редакција

657 нови случаи на Ковид-19 од 2.347 тестирања, најмногу во Скопје 323

Редакција