еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

Премиерот Зоран Заев, денеска, во завршницата на Самитот на НАТО во Брисел оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата, на која присуствувале и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија, Ѓеорги Панајотов во фокусот на разговорот била перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Македонија.

„Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.

И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј.

На средбата е истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји,“ информираат од Владата.

Во соопштението се додава дека „билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговараа Заев и Радев“.

На средбата била договорена посета на Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19

Редакција

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Македонија во интеграциите

Редакција

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Редакција