Прашан за советниците, за кои во јавноста се крена голема врева, и како ги избира, премиерот Зоран Заев одговори – „ги избирам по потреба на државата“.
Последните двајца што ги избрал, за кои договорите се привремени и не подолги од една година, се писателот Венко Андоновски и Александар Ружин.
Андоновски е задолжен за постапката за отворање македонски културен центар во Србија, а Ружин работи на неколку проекти и инвестиции од компании од Белгија и Франција и на обезбедување претставништво на полска компанија за оружје како дел од НАТО-агендата.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„На премиерот му треба советник за советници“: Твитер реакции за тоа кој го советува Заев
Новите советници на Заев, Ружин и Андоновски хит на Твитер
Венко Андоновски и Александар Ружин му станаа советници на Заев