Премиерот Зоран Заев во изминатиот период е со нов имиџ. Несвојствено за него, во јавноста се појавува со брада.
„Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот. Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата.
Син ми рече: „Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си“. Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост, ама полесно е,“ рече премиерот за ММС.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.