еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Законски измени: Наместо породилно, ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство

Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, соопшти министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил.

-Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска.

Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, 9 месеци.

-Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето, наместо досегашните 9 месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци, објаснува Тренчевска.

Според Тренчевска, воспоставувањето на трите вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Најмалку 20 тела пронајдени на улица во украинскиот град Буча

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

Редакција