еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања, вели Заев

Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања и затоа ние, како совермени политичари, треба да гледаме напред и да бидеме насочени кон решенија.

Кога станува збор за Северна Македонија, ние со Грција покажавме дека е возможно, и од процес на недоразбирање да излеземе како посилни пријатели.

Верувам дека тоа е возможно и со Бугарија и затоа бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и ова наше уверување. Ја враќаме довербата меѓу двете држави, македонско-бугарскиот пријателски дијалог е повторно на сила, изјави премиерот Зоран Заев, кој денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан во Виена.

Како што напомена Заев, секој разговор за иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан, е бесмислено. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот.

Премиерот ја повтори пораката што претходно ја искажа на пленарната сесија на Самитот – 2021-ва да биде година за паметење во која ќе биде направен силен искечкор напред со почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, јасен европски прогрес за Србија и Црна Гора, како и чиста европска перспектива за Косово и БиХ.

Така, напомена, ќе се испрати силна порака до граѓаните на регионот дека Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Курц: Имаме заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на Западен Балкан  

Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Антоанета Димовска, која е кандидат за член на Судскиот совет

Редакција

Во Македонија вкупно 498 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Редакција