еМагазин
Image default
Македонија

Започна пријавувањето за лотаријата за зелена карта во САД

Од денеска започна пријавувањето за лотаријата за зелена карта во САД за 2020 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД.

Пријавувањето започнa во 18 часот, а завршува на 6 ноември, исто така во 18 часот, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Од Амбасадата велат дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса.

На учесниците во лотаријата им се сугерира да чуваат копија од единствениот број од потврдата најмалку до 30 септември 2020 година, бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза.

Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 7 мај 2019 година.

„Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама“, предупредува амбасадата.

Учесниците во лотаријата треба да се пријават со нова фотографија и имаат право да се пријават само еднаш.

Сите заинтересирани можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде што има целосни инструкции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ќе ја обжали одлуката на судијата од Кривичен, кој не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во Контрола на летање

Редакција

Македонија под закани за кибер напади, МНР било цел на обид и пред ескалацијата во Украина

Редакција

Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје

Редакција