еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Започна судскиот спор во кој министерката Петровска го тужи пратеникот Ковачки: Бара оштета од 10.000 евра

Во Основниот суд 2 во Скопје денеска со подготвително рочиште започна судскиот спор во кој министерката за одбрана Славјанка Петровска го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за клевета и нарушување на угледот.

Таа побара оштета од околу 10.000 евра, а како што изјави по рочиштето парите ќе ги донирала, оти немала намера да задржи пари од нечесни луѓе.

Уверена е дека судската постапка ќе докаже оти вистината е на нејзина страна и дека Ковачки свесно шири лаги за да го наруши нејзиниот углед.

-Доказите кои ги презентиравме денеска пред судот во рамки на подготвителните рочишта се најголемите докази коишто ја потврдувваат вистината којашто јас ја зборувам, а оскудните докази кои ги презентираа од страна на тужената страна, покажуваат со каква несериозност пристапиле кон сето ова и дека единствената цел, како што кажа мојот адвокат, била да се наруши мојата чест и мојот углед и да се попречам во извршувањето на мојата работа.

Доказите ќе ги доставиме до судот и уверена сум дека судот ќе ја види вистината. Сите оние шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар и така натаму, се само дополнителна замка во којашто тужениот сам влегува, меѓутоа тоа го оставам на неговата совест, којашто е очигледно каква е во овој случај. На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина, изјави Петровска.

Ковачки пак изјави дека министерката манипулира за нејзината психичка состојба врз основа на што бара оштета.

-Гледате дека таа самата има доставено едно мислење односно вештачење од психијатар специјалист со кое што сака да ја манипулира јавноста, односно за својата емотивна и психолошка состојба.

Гледате дека и самиот премиер кажа дека тоа вештачење е за потребите на судот, но не и за потребите воопшто за во текот на работењето. Јас ценам дека тоа не би требало така да биде, изјави тој.

Ново рочиште е закажано за 20. јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама: Кандидатскиот статус во ЕУ e „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“

Редакција

Филмот „Џокер“ ја стресе Грција: Полиција упадна во две кина и вадеше малолетници

Редакција

Влада: Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички

Редакција