еМагазин стартува со нов серијал во кој ќе Ви ги преставиме новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија.
Кој е Горан Трпеноски?
Член на Антикорупциската комисија стана и новинарот Трпеноски.
Тој е дипломиран правник.
Дипломирал на Правниот Факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде запишал и постдипломски студии.
Како новинар почнал да работи во 1999 година во дневниот весник Вечер, а потоа работел и во Вест, а пред да стане дел од Комисијата работеше во порталот Сакам да кажам.мк.
Член е на новинарските здруженија, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ).
Оженет е, и има едно дете.
Роден е во Струга во 1971 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запознајте ги новите антикорупционери: Шемши Сали, експерт и за боречки вештини
Запознајте ги новите антикорупционери: Која е претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска
Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар
Фото: Фејсбук/Трпеноски