еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега во Македонија има само еден случај на омикрон, епидемиолошката состојба останува стабилна, оценува Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека засега во земјава има само еден случај на инфициран со омикрон сојот на Ковид-19, а епидемиолошката состојба останува стабилна. Дополнителна анализа, како што рече, ќе се направи во текот на следната недела.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела.

Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави Филипче по посетата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Министерот напомена дека и натаму е прилично стабилна епидемиолошката состојба. Како што рече, нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

– Следната недела ќе се направи група на тестови кои ќе бидат секвенционирани, но во овој момент нема знаци дека има влошување на епидемиолошката состојбата, посочи министерот Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не може за секој еден сој, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, вели Филипче

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Дарко Голубовски-Кнеле од групата на Штекли, кој е уапсен

Редакција

Кризниот штаб бара двонеделен карантин за Куманово поради забрзаното ширење на корона вирусот

Редакција

Од марихуана во бизнис со струја: Во што инвестираат членови на семејствата на функционерите и политичарите

Редакција