еМагазин
Image default
Македонија

Затворено училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга, деветмина вработени позитивни на Ковид-19

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска е затворено поради деветмина вработени позитивни на Ковид-19, потврди за МИА директорката Лаура Шате.

Повеќе од 400 деца од прво до трето одделение, како што информира, настава ќе продолжат да следат он-лајн во наредните две недели.

– Во комуникација со Општина Струга и Министерството за образование и наука, поради зараза од Ковид-19 кај четворица наставници и пет лица технички персонал, донесовме одлука за затворање на училиштето во наредните две недели, истакна Шате.

Тројца од заразените, според директорката, биле со тешка клиничка слика хоспитализирани во Струшката болница, додека останатите се на домашно лекување.

– Засега нема заразени ученици. Училиштето го затворивме од претпазливост да не дојде до ширење на заразата, посочи Шате.

Во наредниот период, кажа дека ќе имаат состанок со сите релевантни институции, и согласно состојбата,ќе донесат одлука како ќе продолжи наставата по истекот на предвиденте 14 дена.

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ учат 1.180 ученици на македонски, албански и турски јазик.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Дебар деветти ден нема новозаразени од коронавирусот, на лекување се уште двајца

Редакција

(Видео) Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, спасија 38-годишна жена под урнатините во Турција

Редакција

Наке Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет

Редакција