еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Зборовите имаат тежина” на Идеа Плус Скопје – меѓу најдобрите 25 проекти на BalCannes во регинотот за 2019 година

Комуникацискиот проeкт „Зборовите имаат тежина” креирана од Идеа Плус Скопје, е прогласена за една од 25-те комуникациски проекти  за 2019 година на годинешниот BalCannes, во рамките на дванаесетото издание на Weekend Media Festival, што се одржа во Ровињ, Хрватска од 19-21 септември годинава.

Пристигнатите проекти ги оценуваше и селектираше стручно жири составено од претставници на адвертајзинг агенциите, претставници на медиумите и претставници на оделите за комуникации и маркетинг од компаниите од регионот. Од вкупно пристигнати 115 проекти стручното жири ги одбра овие проекти како најдобри во регионот за оваа година.

Комуникацискиот проект „Зборовите имаат тежина“ е посветен на одговорно родителство и е дел од кампањата „И родителството се учи“ што УНИЦЕФ ја спроведува во земјава, заедно со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за здравство.

Акцентот на кампањата „Зборовите имаат тежина” е ставен на вербалното и психичкото насилство врз децата и влијанието врз нивниот ментален развој. Целта е да се подигне свеста на родителите и пошироката заедница за негативните ефекти врз здравјето и развојот на децата од вербалното насилство, злоупотребата и запоставувањето.

Во рамките на кампањата се одржуваат и „Разговори за родителство“ во повеќе градови низ земјата што ги водат експерти од областа, а сите заинтересирани можат да најдат материјали и совети и на интернет страницата www.roditelstvo.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ во поддршка на здравите животни навики

Редакција

На 18-19 мај прв фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!

Редакција

Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка

Редакција