Патничкиот и железничкиот сообраќај од попладнево е нормализиран, откако на вработените во железничките претпријатија им е исплатен вториот дел од октомвриската плата што беше причина за неколкудневниот бојкот на синдикатите.
Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ Транспорт, Душко Чакаровски во изјава за МИА информираше дека е исполнето барањето, но напоменува дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите.
Согласно со дописот што претходно го имаа испратено до раководството на компанијата, доколку до 25 во месецот не им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, повторно ќе го блокираат сообраќајот.
Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец.
МИА/Фото: Влада